Свет Балкан Судот му одреди притвор од 30 дена на директорот на косовската полиција

Судот му одреди притвор од 30 дена на директорот на косовската полиција

Вишиот управен суд во Ниш му одреди 30-дневен притвор на директорот на косовската полиција за регионот Косовска Митровица, Нехат Тачи.

Тачи беше уапсен пред два дена, додека патувал кон Ниш за да присуствува на судски процес.

Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело тероризам.