Свет Судир на два товарни брода во Кина – се трага по 12...

Судир на два товарни брода во Кина – се трага по 12 лица

Најмалку 12 лица исчезнаа по судир на два товарни брода на југот на Кина, јави Кинеската глобална телевизиска мрежа (КГТМ).

Како што се наведува, инцидентот се случил во близина на брегот на провинцијата Гуандонг, која се наоѓа на југот на Кина.

Спасувачките екипи успеале да пронајдат 13 лица, а по 12 сè уште се трага.

Истрагата треба да потврди како и зошто се случил судирот.