Свет Балкан Судиите во Албанија бараат од Уставниот суд да го укине новиот закон...

Судиите во Албанија бараат од Уставниот суд да го укине новиот закон за нивниот статус

Синдикатот и здружението на судиите во Албанија поднесоа жалба до Уставниот суд во земјата против новиот закон за статусот на судиите и на обвинителите, кој стапи на сила на 22 ноември годинава.

Претставниците на синдикатот и на здружението за медиумите изјавија дека новиот закон е во спротивност со уставот на земјата и затоа треба да биде повлечен. Станува збор за закон кој е дел од пакетот реформи во судскиот систем во Албанија.

Во претставката до Уставниот суд, судиите, меѓу другото, навеле дека законот создава институционален вакуум и ја нарушува можноста за напредок во кариерата на судиите.

Поради ова судиите во Албанија бараат законот да биде укинат за да се спречат последиците што можат да бидат предзвикани од неговата примена.