Свет Балкан Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе...

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

Архивска фотографија. Фото: NettoFigueiredo @Pixabay.com

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот.

Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка на овој автопат кај Благоевград, односно на патот што води од граничниот премин „Делчево – Станке Лисичково“, се случил судир на автомобил „опел“ со камион со македонски таблички што превезувал руда до Асеновград“. Загинал возачот на автомобилот.

Несреќата се случила меѓу клучката на „Струма“ на првата остра кривина кон селото Зелен дол.

Како што јави приватната национална телевизија бТВ, возачот на камионот рекол дека автомобилот директно налетал на камионот и загинал веднаш.

Истрагата е во тек.

Овој пат е поприлично опасен, бидејќи е релативно тесен и има остри кривини.