Економија Стопанска комора: Прогресивното оданочување ќе предизвика поголеми трошоци за бизнисот

Стопанска комора: Прогресивното оданочување ќе предизвика поголеми трошоци за бизнисот

Прогресивното оданочување ќе предизвика околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки, покажале првичните пресметки на некои од компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија.

Претседателот на Комората, Бранко Азески пред денешната вонредна седница на Управниот одбор, рече дека секое ново оптоварување на фирмите ја намалува нивната конкурентност.

– Ние не сме против зголемување на животниот стандард, но сметаме дека тоа треба да се направи на двонасочна и рамноправна основа – потенцира Азески.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој истакна дека во однос на прогресивното оданочување мора да се земе предвид и присуството на странските компании во земјава, вкупно 154, односно нивниот став и размислување за ефектот од ваквата мерка.

Министерот за фнансии, Драган Тевдовски го повтори ставот на Владата дека целта на новата владина мерка е правично оданочување како чекор напред кон градење поправедно општество, јакнење на јавното образование, јавното здравство, социјалата, обезбедување на повисоки плати и зголемување на животниот стандард.