Економија Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на...

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз.

Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите.

Како што информираат од Комората, оваа новина е во насока на зголемување и олеснување на соработката на македонските со компаниите од балканскиот регион и пошироко.