Македонија Стела и НМСМ најавија конкурс за авторски стрипови на тема родова еднаквост

Стела и НМСМ најавија конкурс за авторски стрипови на тема родова еднаквост

Авторот/ката на првонаградениот стрип ќе добие 50.000 денари, додека автор(к)ите на стриповите кои ќе освојат второ и трето место ќе добијат 25.000 и 10.000 денари, соодветно

Фото: МладиХАБ

Мрежата Стела и Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип наречен „Кое е твоето чудо?!”, најавија МладиХАБ.

Станува збор за конкурс за оригинални авторски стрипови, чии теми ќе се поврзани со борбата за родова еднаквост.

„Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи“, стои во најавата на МладиХАБ.

Авторот/ката на првонаградениот стрип ќе добие 50.000 денари, додека автор(к)ите на стриповите кои ќе освојат второ и трето место ќе добијат 25.000 и 10.000 денари, соодветно.

Краен рок за пријавување на стрип е 20 август, а повеќе детали за конкурсот може да видите овде.

Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.