вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: МладиХаб | 16 резултати

Ден на младите – британскиот амбасадор се сретна со младински организации и активисти

12 август 2022

Денешниот ден, 12 август, во светот се одбележува како Меѓународен ден на младите. По тој повод, британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, се сретна со претставници на младински организации, проектни имплементатори и активисти. Како што соопштија од Британската амбасада во Скопје, на средбата се разговарало за младинскиот ангажман, активизмот, дезинформациите, животната средина и одливот на […]

Отворен Младинскиот центар – МладиХаб во Битола

28 април 2022

Денеска во Битола се отвори Младинскиот центар – МладиХаб, кој е предвиден да служи како простор за работа, вмрежување и организирање на активности што бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот. Младинскиот центар се отвори во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ […]

Отворена нова канцеларија на МладиХаб за младите во штипскиот регион

30 март 2022

Во рамките на проектот „МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“, вчера со настан за вмрежување и концерт во живо се отвори нова канцеларија, а воедно првата регионална МладиХаб канцеларија во Штип. Новата канцеларија е сместена во просториите на НУ Центарот за култура „Ацо Шопов” и е предвидена […]

Отворен повик за млади и правни субјекти за учество на Регионален младински саем за вработување

3 февруари 2022

Регионален младински саем за вработување ќе се одржи на 28 февруари во Скопје, за кој Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги објави повиците за учество на млади лица и правни субјекти. Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување […]

Започна програмата за кариерно советување на проектот „МладиХаб“

3 ноември 2021

Вчера започнаа групните сесии со првата група на учесници кои се дел од програмата за кариерно советување во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“. Како што информираат спроведувачите на проектот, програмата е наменета за млади лица со завршено средно образование и има за цел да […]

МладиХаб: До 8 октомври тече пријавувањето за учество во младинска акцелераторска програма

24 септември 2021

„МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ го објави повикот до сите заинтересирани лица за учество во младинската акцелераторска програма, која што има за цел да го поттикне младинското претприемништво во државата и со тоа да помогне младите да станат поконкурентни на пазарот на трудот. Акцелераторската програма е […]

Младинските организации се сретнаа со градоначалникот Шилегов

2 септември 2021

На иницијатива на Град Скопје, Националниот младински совет на Македонија денеска одржа консултатитвна средба за приоритетите и потребите на младите од главниот град. На средбата во канцелариите на „МладиХаб“ присуствуваа претставници од неколку младински организации кои пред градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги истакнаа своите мислења за градските младински политики, но и укажаа каде градот […]

Националниот младински совет организира консултативна средба за потребите на младите во Скопје

1 септември 2021

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во соработка со Град Скопје утре ќе одржи консултативна средба за приоритетите и потребите на младите од Скопје. Како што информираат од НМСМ, средбата ќе се реализира во канцелариите на „МладиХаб“, на Рекорд, во центарот на Скопје, со почеток во 12:30 часот. На средбата ќе присуствуваат млади лица и […]

„МладиХаб“ ги повикува младите да аплицираат за бесплатно советување со психолог

31 август 2021

„МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ вчера го објави повикот до младите за учество во програма за ментално здравје, информираат од „МладиХаб“. Преку оваа програма за ментално здравје ќе се поддржат млади лица на возраст од 16 до 29 години. Предност ќе се даде на лица кои […]

Со проектот „МладиХаб“ до полесно вработување за младите

12 август 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, кој по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се одржа во неговиот кабинет. Тој посочи дека целта на проектот е да се поврзат работодавачи и млади лица кои се во потрага […]

Преку платформата „CareerHub“ ќе се поврзуваат компаниите и младите што бараат работа

17 декември 2020

Започна со фунцкионирање новата платформа „CareerHub“ која служи за поврзување на младите лица со компаниите или институциите кои нудат некаков ангажман. Платформата е изработена во рамки на проектот „МладиХаб – Дигитална младина“, финансиран од Британската амбасада, а имплементиран од страна на Националниот младински совет на Македонија во партнерство со МАСИТ. „CareerHub“ e македонска платформа чија […]

Младите ќе можат да се стекнат со дигитални вештини преку платформата „МладиХаб“

8 октомври 2019

Во канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски во центарот на Скопје, се отвори простор „МладиХаб“, која претставува платформа за дигитални вештини на младите лица овозможувајќи им да одговорат на потребите за дигитализација на економијата и јавните услуги. Младите од 14 до 29 години овде ќе можат да се стекнат со дигитални вештини во замена за општокорисна […]

Страна 1 од 1