Македонија ССНМ билтен: Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се...

ССНМ билтен: Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат

Фото: Принтскрин - Билтен ССНМ

Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат, изложеноста од ризици за вербални закани, навреди и физички напад, важноста од обезбедување на економска стабилност е главната тема во новиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“, во која е опфатен и случајот на вербален напад од вработени на „Комунална хигиена-Скопје“ врз колешката од новинската агенција „Мета“, Илинка Иљоска.

Исто така, меѓу темите во билтенот кој е достапен на следниот ЛИНК се: Сторијата за почетоците на истражувачкото новинарство во светот кои се поврзани со жени новинарки; Проучување на придонесот на жените во новинарството; Истражување на Институтот Ројтерс за родовата еднаквост во медиумите; Пораст на малтретирањето на истражувачките новинарки, како и Жените во медиумите во Црна Гора – помалку права, повеќе притисоци.