Економија ССК до Заев: Пред нас е изборен период во кој партиите многу...

ССК до Заев: Пред нас е изборен период во кој партиите многу ветуваат, a малку се реализира

Пред нас е изборен период во кој политичките партии многу ветуваат, а потоа малку од тоа се реализира или прифатените економски мерки попатно се разобличуваат од иницијалната идеја, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска на денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според нејзе, приоритет е справување со политичкиот клиентелизам, заради кој сите други развојни процеси се закочени.

„Во поглед на економските програми потребно е да бидат реални, конкретни и фокусирани на неколку приоритети со прецизни чекори кои ќе се превземат и со очекувани резултати и рокови за нивно имплементирање. Економијата треба да биде приоритет заснован на развој на реалниот сектор во земјата,“ рече Арсовска.

Заев информираше дека е даден одговор на 78 економските мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општини и останати институции и веќе се адресирани.