Свет Балкан Српското собрание не избра претседател

Српското собрание не избра претседател

Новиот состав на српското Народно собрание не успеа да избере претседател.

Седницата на собранието синоќа беше прекината за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на парламентот.

Таа е членка на владејачката Српска напредна партија и ја извршуваше функцијата и во претходниот парламентарен состав.