Македонија Средношколци испратиле претставки до Народниот правобранител

Средношколци испратиле претставки до Народниот правобранител

Средношколци анонимно се жалеле до Народниот правобранител за притисоци и за закани од раководствата на училиштата, објави „24 Вести“. Како што велат од канцеларијата на омбудсманот, претставките од средношколците се затоа што децата биле попречени да одат на протест.

Правобранителот Иџет Мемети вели дека ќе ги разгледа претставките и ќе отвори постапки.

„Новите законски решенија во образованието мора да се носат заедно со најзасегнатите – учениците и професорите“, порача правобранителот Мемети.

„Средношколски пленум“ минатата недела на протест уште еднаш порача надлежните да ги чујат нивните барања за модифицирање на екстерното тестирање и за целосно враќање на стариот концепт на државна матура.