Главна секција Средбата на партиите за Законот за јавно обвинителство нема да се одржи

Средбата на партиите за Законот за јавно обвинителство нема да се одржи

И покрај тоа што беше закажана, заедничка средба на партиите денеска за Законот за јавно обвинителство нема да има, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не дава амандмани и нема да учествува.

Министерката за правда Рената Дескоска ќе има средби само со тие партии што дале амандмани. Најдоцна до задутре, Законот за ЈО ќе биде поднесен во Собрание, за да се гласа на 11 февруари.

Дескоска денеска треба да одржи поединечни средби со помалите пратенички групи околу Законот за јавното обвинителство, на кои пратениците треба да ги дадат конечните забелешки за законот.