Свет Балкан Средба на кредиторите и на министерот за финансии на Грција за новиот...

Средба на кредиторите и на министерот за финансии на Грција за новиот кредит

Претставниците на мисијата на грчките кредитори денеска ќе се сретнат со грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалотос, во рамки на преговорите за новиот кредит за Грција, соопшти синоќа Атина.

Сепак, Меѓународниот монетарен фонд претходно наведе дека нема да учествува во планот за помош сè додека властите во Атина не го усвојат сеопфатниот план за реформи и додека ЕУ не се согласи на отпис на дел од грчкиот долг.