Македонија Средба на коалициските партнери од „За подобра Македонија“

Средба на коалициските партнери од „За подобра Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со коалициските партнери од „За подобра Македонија“.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка состојба, „случаите на политичките притисоци и реваншизам, како и размена на мислења околу актуелните теми врзани со предизвиците на надворешната политика, спорот за името и евроатланските интеграции.“

На состанокот било заклучено дека државата се движи во погрешен правец и кон континуирано економско и политичко слабеење.

„Евидентни се политичките притисоци кои ги прави актуелната власт, пресметката и реваншизмот кој се спроведува врз политичките неистомисленици“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата било посочено дека „владата треба да се откаже од намерата да донесе неуставен и неприменлив Закон за јазици.“

„Воедно тоа е и закон кој ги става и припадниците на другите заедници во подредена состојба, менувајќи го карактерот на државата. Во однос на спорот за името, суштествено важно е владата која ги води разговорите, да ги запази државните и националните интереси и да води грижа за заштита на македонскиот идентитет кој треба да остане непроменет“, се додава во соопштението.