Македонија Димитров и Коѕиас вечерва ќе разговараат во Виена, утре зедничка средба со...

Димитров и Коѕиас вечерва ќе разговараат во Виена, утре зедничка средба со Нимиц

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираа попладневно од Министерството за надворешни работи.

Димитров и Коѕиас утре ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

Димитров и Коѕиас ќе се сретнат и на 15 и 16 февруари во Софија на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство.