Свет Балкан Србија го покани ОБСЕ на новите локални избори во Белград

Србија го покани ОБСЕ на новите локални избори во Белград

Барањето за присуството на ОБСЕ доаѓа по критика од неколку меѓународни институции околу условите на локалните избори одржани во декември

Влада на Србија. Фото: Matija sa VMO, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Владата на Србија ја покани Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да ги набљудува претстојните локални избори во Белград, соопшти Кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ.

Според соопштението на премиерката, испратено е барање до Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) за да помогне во транспарентноста на избирачкиот процес.

По парламентарните и локалните избори на 17 декември, избори ќе се одржат во Белград по двата два неуспешни обиди за формирање мнозинство од Српска напредна партија (СНС).

Дополнително, претходните локални и парламентарни избори беа остро критикувани како нефер. Според Демократската опозиција и набљудувачката мисија ЦРТА, власта ги украла изборите, со тоа што ги донела граѓани на Босна и Херцеговина да гласаат за СНС, откако претходно биле регистрирани на адреси во Белград. Тие побараа повторување на изборите.

Дополнително ОДХИР објави извештај во кои заклучи дека условите за избори не биле фер, а Европскиот парламент побара меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските избори како и суспендирање на финансиите на ЕУ за Србија доколку се докаже изборна измама.