Свет Европа Според Украинците, рускиот трагичен биланс достигнал 376.030 елиминирани

Според Украинците, рускиот трагичен биланс достигнал 376.030 елиминирани

Во текот на изминатото деноноќје, биле онеспособени уште 760 припадници на руските инвазиски сили

Фото: ukrinform.net, 23.07.2022 г.

Украинските сили досега елиминирале 376.030 руски војници – од 24 февруари 2022 и почетокот на денешниот ден, известува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Во текот на изминатото деноноќје, биле онеспособени уште 760 припадници на руските инвазиски сили.

Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле уништени и 6.181 руски тенкови, 11.466 оклопни борбени возила, 8.875 артилериски системи и друго оружје.

На територијата на Украина во изминатово деноноќје се случиле вкупно 80 битки, вели извештајот на ГШ на Украина.

Рускиот противник користел и ракетни системи С-300 врз цивилни цели во регионот Донецк, како и други воздушни напади и напади со ракети врз украински цивилни и воени цели, соопшти Генералштабот.