Македонија Спасовски и Ковачевски ќе земаат апанажа од 2.500 евра месечно

Спасовски и Ковачевски ќе земаат апанажа од 2.500 евра месечно

Покрај апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила

Фото: Влада на РСМ

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешнби работи Оливер Спасовски, побарале и добиле апанажа од 2.500 евра, која ќе ја добиваат во следните 12 месеци. Покрај апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.