Технологија Наука „Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет

„Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет

Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги.

Повеќе невладини организации од Европа ја спроведуваат кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот.

Само оние кои плаќаат повеќе ќе имаат полесен пристап до публиката на интернет, на тој начин убивајќи ја отвореноста, која го движи социјалниот и економскиот успех на интернет.
Интернетот како што го знаеме денес им дава исти слободи и шанси за успех на сите, но без неутралноста на интернетот, интернет-провајдерите стануваат „чувари“ кои ќе нудат директна линија на брз интернет за тие што ќе може да го платат и бавна интернет-линија за другите.

Минатата недела, Европскиот парламент го заврши вториот компромисен предлог за неутралност на интернетот и го испрати до земјите-членки (претставени во Советот на Европската унија) и до Европската комисија. Ова ќе им овозможи на Советот и на Комисијата да извршат притисок врз Парламентот да ги прифати конечниот компромис оваа недела.

Преговорите сега се влезени во фаза наречена „тријалог“, во која сите три институции на ЕУ преговараат за финалниот текст на новиот закон.