Свет Европа Спасени повеќе од 2.000 бегалци во Средоземно Море

Спасени повеќе од 2.000 бегалци во Средоземно Море

Италијанската крајбрежна стража успеала да спаси околу 2.000 мигранти недалеку од брегот на Либија, во последната серија спасувачки операции во Средоземно Море, јавуваат светските агенции.

Според информациите објавени вчера, италијанската крајбрежна стража координирала 15 спасувачки операции, во кои 2.000 мигранти се спасени и сместени на безбедно.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН) проценува дека од почетокот на оваа година во Италија пристигнале повеќе од 48.000 бегалци.