Економија Состанокот на земјите извозници на нафта заврши без договор за замрзнување на...

Состанокот на земјите извозници на нафта заврши без договор за замрзнување на цената

Состанокот на земјите извозници на нафта во Доха, на кој требаше да се донесе одлука за замрзнување на производството на тој енергент, завшри без договор.

Учесниците на состанокот се договориле за замрзнување на производство на нафта да разговараат на состанок на ОПЕК во јуни.

Според зборовите на катарскиот министер за нафта и за енергетика, Мухамед бин Салех ел Сад, на учесниците на состанокот во Доха им било потребно дополнително време за да направат консултации.

Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела предложија да се замрзне обемот на производство на нафта за да се одржи нивото на светски цени на тој енергент.

На состанокот во Доха не учествуваше Иран, кој тежнее да се врати на светскиот нафтен пазар.