Видео „Сони“ со сексистичка реклама за новиот „плејстејшн“

„Сони“ со сексистичка реклама за новиот „плејстејшн“

Компанијата набргу ја повлече рекламата од својот официјален канал на „Јутјуб“

Јапонската компанија „Сони“ сними „жешка“ реклама за својата играчка конзола „плејстејшн“, во која сексапилна докторка создава алузија на мастурбација.

Порталот „Врџ“ ја оцени рекламата како „срамна за сите, па дури и за мажите и тинејџерската популација на која, очигледно, ѝ се обраќа“.

Иако „Сони“ набргу ја повлече рекламата на ограничен, приватен мод, благодарение на тоа што приватно лице ја закачило на „Јутјуб“, сега е достапна за сите. Не е јасно дали рекламата е повлечена од официјалниот канал на „Јутјуб“ поради критиките за начинот на кој се прикажани жените. Засега, ниту „Сони“, ниту компанијата која ја изработи рекламата не даваат никаков коментар.

Без разлика на ваквиот начин на рекламирање, бројот на љубителките на видеоигри се зголемува, па, според последните податоци, 48 проценти од популацијата што ужива во видеоигри ја сочинуваат жени.