Македонија Сончево време со мала облачност, попладне локалeн дожд

Сончево време со мала облачност, попладне локалeн дожд

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.