Македонија Сончево време со краткотраен дожд попладне

Сончево време со краткотраен дожд попладне

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, a попладне со локален краткотраен дожд и со ретки грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 12 Целзиусови степени, а дневната до 30 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, а дневната до 29 степени.