Македонија Сончево и топло време, попладне во западните делови со услови за врнежи

Сончево и топло време, попладне во западните делови со услови за врнежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со температура од девет до 34 Целзиусови степени. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.

Во Скопје претежно сончево со температура од 14 до 32 Целзиусови степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната работна недела ќе се задржи топло, а нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има на повеќе места низ земјава.