Македонија Сончево и топло време со температура до 27 Целзиусови степени

Сончево и топло време со температура до 27 Целзиусови степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура до 27 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер. Температурата ќе биде во пораст.

Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи в сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди.