Македонија Сончево и топло време со температура до 26 степени

Сончево и топло време со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топло време за овој период од годината. Дневната температура од сабота ќе има тенденција на опаѓање.