Македонија Сончево и топло време со мала до умерена облачност

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

Според УХМР времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 35 Целзиусови степени.УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8. До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло.

Во сабота кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност на места со пороен дожд и грмежи.