Македонија Сончево и топло време, попладне со дожд

Сончево и топло време, попладне со дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната температура од 28 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната температура до 36 Целзиусови степени.