Македонија Сончево и топло, попладне можен пороен дожд

Сончево и топло, попладне можен пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движеше од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува  27 и 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен ветер. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.

В среда и в четврток времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота.