Македонија Сончево и многу топло време со температура до 35 степени

Сончево и многу топло време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 32 Целзиусови степена.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.