Главна секција Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција.

Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“ и „Поддршка за СЈО“.

Демонстрантите од СЈО се упатија кон Собранието на РМ, каде има неколку илјади присутни.

Ова е петти протест што го организира движењето „Протестирам“, а е против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира, како што велат, криминалците.