Свет Европа Снежна лавина погоди хотел во Италија, повеќемина загинати

Снежна лавина погоди хотел во Италија, повеќемина загинати

Повеќе лица ги загубиле животите во италијанскиот регион Абруцо кога хотелот во кој биле сместени го погодила снежна лавина, јавува „Би-би-си“. Се претпоставува дека лавината била предзивика од земјотресите што вчера го потресоа централниот дел на Италија.

Спасувачките екипи во текот на ноќта се обиделе да стигнат до хотелот на планината Гран Сасо, во централниот дел на Италија.

„Има многу мртви“, изјавил шефот на спасувачкиот тим, Антонио Крочета.

Во хотелот „Ригопиано“ за време на лавината имало 30 луѓе. Покривот на хотелот бил делумно урнат, а локалните жители веднаш ги повикале спасувачките екипи.

Лошото време и завејаните патишта го отежнале пристапот до хотелот, а италијанските медиуми пишуваат дека спасувачите на местото стигнале утрово околу 4 часот, по локално време.

Централниот дел на Италија вчера го погодија четири земјотреси, а во текот на ноќта имало уште неколку потреси.