fbpx
Таг: спасувачки екипи

таг: спасувачки екипи

Украина ја обвини Русија дека намерно цели кон спасувачки тимови во нападите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека безмилосно ги напаѓа спасувачките тимови при ракетирањето на цели во Украина, пренесува Јуроњуз. Изјавата на Зеленски доаѓа по вчерашниот напад врз станбени згради во градот Покровск во Донецкиот регион во кој загинаа девет лица, а повредени се над 80. Зеленски ги обвини руските сили дека најпрво гаѓаат цивилни објекти за да ги...

Град Скопје со 3 милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари (48.700 евра), информираат градските власти. - Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град...

Над 10 загинати во земјотресот во Албанија, силен потрес и во Босна и Херцеговина

Расте бројката на загинати и повредени лица во земјотресот во Албанија, а меѓународната заедница веќе ја испраќа првата помош за настраданите во природната катастрофа. Според последните информации на „Ал Џазира Балканс“, во земјотресот во Албанија загинале најмалку 10 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу изјави дека во болниците се регистрирани 600 повредени лица, јавува „РТС“. Во меѓувреме, романската...

Спасени 300 мигранти кај Либија

Либиската крајбрежна стража спасила повеќе од 300 мигранти во море, западно од Триполи, соопшти портпаролот на либиската морнарица. Крајбрежната стража утринава спасила 140 илегални мигранти западно од Триполи и уште една група од 164 мигранти во близината на Сабрата, меѓу кои имало седум жени и шест деца, рече портпаролот. Како што соопшти тој, мигрантите се од Подсахарска Африка, Египет, Мароко и...

Нивото на водата во Тексас се очекува да се зголеми, Хјустон парализиран

Нивото на водата би можело дополнително да се зголеми по силните дождови од ураганот Харви, кој го зафати Тексас и однесе осум човечки животи, соопштиле властите на оваа сојузна американска држава, јавуваат светските агенции. Властите навеле дека се ангажирани илјадници војници, полицајци, спасувачки екипи и цивили, кои со помош на хеликоптери, чамци и на специјални камиони за движење низ длабока вода...

Потона брод во Колумбија, најмалку шестмина загинати

Најмалку шест лица загинале, а 16 се водат како исчезнати откако туристички брод со околу 170 патници потонал во северозападниот дел на Колумбија, соопштиле официјални претставници на колумбиските власти, јавува „Би-би-си“. Според очевидци на несреќата, бродот потонал за помалку од пет минути. Спасувачки екипи, авиони и хеликоптери трагаат по преживеани, а во помош пристигнале и приватни чамци и скутери за...

12 сириски бегалци се удавија на пат од Турција кон Грција

Најмалку 12 сириски бегалци, од кои пет деца, се удавија обидувајќи се со гумен чамец од турскиот град Кушадаси да пристигнат до Грција. Како што јавуваат светските агенции, со потонатиот чамец патувале 22 бегалци од Сирија. Спасувачките екипи спасиле седум лица. Сè уште не е позната судбината на другите три лица. Во меѓувреме, турските власти привеле три лица, кои се осомничени дека...

Трае потрагата по 35 лица исчезнати во лавината што погоди хотел во Италија

Спасувачките екипи извлекле три тела од хотелот „Ригопиано“, во италијанскиот регион Абруцо, кој синоќа беше погоден од снежна лавина предизвикана од серијата земјотреси кои вчера ја потресоа Италија, јавува „Би-би-си“. Во меѓувреме трае потрагата по 35 лица кои биле во хотелот за време на лавината, а кои се водат како исчезнати. Проблемите предизвикани од големиот снег и од земјотресите ги...

Снежна лавина погоди хотел во Италија, повеќемина загинати

Повеќе лица ги загубиле животите во италијанскиот регион Абруцо кога хотелот во кој биле сместени го погодила снежна лавина, јавува „Би-би-си“. Се претпоставува дека лавината била предзивика од земјотресите што вчера го потресоа централниот дел на Италија. Спасувачките екипи во текот на ноќта се обиделе да стигнат до хотелот на планината Гран Сасо, во централниот дел на Италија. „Има многу мртви“, изјавил...

Кина: Најмалку 21 загинат во експлозија во електрана

Најмалку 21 лице загинале, а петмина биле повредени во експлозија во електрана во централната кинеска провинција Хабеј, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од официјални службени лица. Според кинеските медиуми, во централата во градот Данјанг експлодирала цевка за пареа под висок притисок. Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото, а полицијата ги истражува причините за експлозијата. Инаку, ваквите несреќи во Кина...

Најмалку 20 загинати во невреме и во поплави во Западна Вирџинија

Најмалку 20 луѓе, меѓу кои и две деца, ги загубиле животите во поплавите што ја погодија сојузната американска држава Западна Вирџинија, соопштиле официјални државни претставници, јавуваат светските медиуми. Силното невреме и поплавите предзвикале големи штети низ целата држава, изјавил гувернерот на Западна Вирџинија, Ерл Реј Тамблин. Вонредна состојба била прогласена во 44 од вкупно 55 региони на државата. Според медиумите, во тек е...

Седуммина загинати во ерупција на вулкан во западна Индонезија

Седум луѓе загинале на западот на Индонезија при ерупција на вулканот Монт Синабунг, кој почнал да исфрла облаци вулканска пепел на висина од три километри, јавува „Би-би-си“. Загинатите работеле на своите фарми во селото Гамбер, кое било прогласено за небезбедна област поради неговата близина до вулканот. Според информациите вулканот и денеска исфрлал пепел што ги отежнува операциите на војската и...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...