Македонија Сменети трасите на осум автобуски линии во Скопје

Сменети трасите на осум автобуски линии во Скопје

ЈСП Скопје соопшти дека поради почеток на асфалтирањето на дел од булеварот „Христијан Тодоровски  – Карпош“ во Бутел, осум автобуски линии од јавниот превоз од денеска ќе бидат изменети.

Така автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 кои доааѓаат од Бит Пазар, на семафорите кај Општина Чаир ќе вртат лево и ќе се движат по улицата сè до семафорите кај поликлиниката „Чаир, по што ќе вртат десно до семафорите со булеварот „Босна и Херцеговина“ а потоа ќе продолжуваат по нормалните траси.

Во спротивниот правец, автобусите од крстосницата со „Босна и Херцеговина“ ќе се движат по истата траса сè до семафорите кај зградата на Општина Чаир, каде ќе продолжуваат кон Бит Пазар по нормалната траса.

Се очекува изменетиот режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз да биде на сила седум дена.