Свет Балкан Словенија: Еден загинат и 30 повредени при судир на 51 возило

Словенија: Еден загинат и 30 повредени при судир на 51 возило

Едно лице загина, а 30 се повредени при верижен судир на 50 возила на магистралата А1 во Словенија.

Како што јавуваат словенечките медиуми, во тешката сообраќајка учествувале 46 автомобили, три камиони, едно комби и еден автобус, а причина за несреќата е силното снежно невреме.

Загинал 25-годишен државјанин на Швајцарија, а 14 лица се хоспитализирани, од кои тројца се во тешка состојба.

Полицијата соопшти дека силното невреме ја намалило видливоста на пет метри, поради што возачите ништо не гледале пред себе.