Визуелизации Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да...

Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да се промени (инфографик)

Промената на таблата на граничниот премин со Република Грција е првиот чекор што го направи државата кон целосна промена на уставното име во Република Северна Македонија.

Според меѓуресорската група задолжена за извршување на обврските од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, роковите за целосна промена на името се движат од 3 дена па до се до пет години од отворањето на релевантното ЕУ поглавје.