Свет Сириската влада е подготвена за размена на затвореници

Сириската влада е подготвена за размена на затвореници

Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои држат бунтовници.

Неименуван претставник, за сириската телевизија, изјавил дека понудата е дадена во пресрет на дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана.

Владата и бунтовниците минатата недела разменија десетина лица, вклучувајќи жени и деца, кои бунтовниците со години ги држат во заложништво.

В четврток и в петок во казахстанската престолнина ќе се собeрат претставниците на сириската влада и бунтовници, како и делегати на Русија, Турција, Иран на подготвителнi разговори пред да продолжат мировните преговори во Женева.