Свет Европа Сириска опозиција: Нападите во Брисел укажуваат на важноста на мирот во Сирија

Сириска опозиција: Нападите во Брисел укажуваат на важноста на мирот во Сирија

Терористичките напади во Брисел укажуваат на значењето за наоѓањето политичко решение за Сирија на преговорите во Женева, како и да се избегне „хаосот“ како во Европа, така и на Блискиот Исток, оцени денеска сириската опозиција.

– Нападите уште еднаш го покажуваат лудилото на терористите, кои пустошат на Блискиот Исток и го гаѓаат срцето на Европа – изјави Басма Кодмани, портпаролка на сирискиот опозициски Висок одбор за преговори.

Кодмани рече дека преговорите во Женева се од „суштинско значење за воспоставување на севкупна политичка рамнотежа и за да се избегне хаосот со кој се закануваат фанатиците“.

Сириската опозиција денеска најостро ги осуди нападите во Брисел, во кои загинаа 34 лица, а повредени се 230.

Во Женева во тек се индиректни преговори меѓу завојуваните страни во Сирија, каде од почетокот на судирите пред пет години настрадаа повеќе од 270.000 лица.