Свет Сирија: Американски авиони погодија складиште со хемиски агенси

Сирија: Американски авиони погодија складиште со хемиски агенси

Стотина лица починаа како последица на труење по воздушниот напад на коалицијата предводена од САД на седиште и на складиште на Исламска држава во Деир ез Зор, стои во соопштението на сириската воена команда.

Нападот е извршен вчера попладне, по локално време, јавува сириската државна новинска агенција САНА.

Во нападот се убиени поголем број терористи, вклучувајќи и платеници, стои во соопштението.

„По бомбардирањето, над складиштето се издигна жолт чад. Тоа е доказ дека во складиштето имало хемиски агенси“, се наведува во соопштението.