Свет Сирија: 40 цивили се убиени при напад на позиции на ИД

Сирија: 40 цивили се убиени при напад на позиции на ИД

Најмалку 40 цивили загинаа при напади на сириските воздухопловни сили на позиции на припадниците на Исламска држава во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо, соопшти Сириската организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон.

Како што јавува организацијата, која собира податоци од активисти и од жители од Сирија, десетици се повредени, од кои повеќето се во тешка состојба, а меѓу загинатите има и две жени.