Видео Силна експлозија во фабрика за хемикалии во Донецк

Силна експлозија во фабрика за хемикалии во Донецк

Силна експлозија ноќеска го потресе Донецк, откако со артилериски оган е погодена фабрика за хемикалии.

Како што јавуваат руските медиуми, од силната експлозија се затресле куќите во пошироката околина на фабриката, а скршени се и прозорци. Милицијата на самопрогласената Донецка народна република соопшти дека украинската војска ги испукала гранатите, додека украинските сили возвратија со контраобвиненија и додадоа дека не знаат што е погодено.

Станува збор за воена хемиска фабрика ДКЗХИ, која произведува хемиски супстанци што се користат за изработка на експлозиви, муниција и на гранати.

„Раша тудеј“ потсетува дека ова не е првпат украинските сили да ја гаѓаат фабриката. ДКЗХИ во септември и ноември беше мета на украинските сили.

Пожарот набргу бил ставен под контрола, но засега нема извештаи за жртви, но се стравува дека последиците би можеле да бидат многу поголеми поради истекување на опасни хемикалии.