Свет Силен земјотрес во Мексико

Силен земјотрес во Мексико

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централната мексиканска сојузна држава Пуебла, сопшти сеизмолошката агенција на Мексико.

Земјотресот се случува десетина дена по претходниот катастрофален што одзеде повеќе десетици жртви.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети од новиот земјотрес.

Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.