Македонија Силен земјотрес во Грција почувствуван на југоистокот на земјава

Силен земјотрес во Грција почувствуван на југоистокот на земјава

Сеизмолошката опсерваторија (СО) при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопшти дека ноќеска во 50 минути по полноќ се случил земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 км. југоисточно од Скопје, во соседна Грција.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а бил почувствуван од населението на југоисточните делови на нашата земја, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.