Свет Силен земјотрес регистриран во Кина

Силен земјотрес регистриран во Кина

Нема информации за штети или жртви

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападната кинеска покраина Сечуан, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за штети или за жртви.

Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот дел, 25 километри северозападно од градот Кангдинг, на длабочина од 16 метри. Според податоците на Кинескиот институт за сеизмолошки истражувања, земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според скалата на Рихтер.

Истото подрачје во саботата беше погодено од земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, при што пет лица загинаа, а десетици беа повредени.