Свет Балкан Сијарто: ЕУ мора да постави силна одбранбена линија на југ

Сијарто: ЕУ мора да постави силна одбранбена линија на југ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, соопшти дека ЕУ мора да воспостави „силна одбранбена линија на југот“ за да го запре напливот на бегалци, во спротивно заканите од терористички напади ќе се зголемат, а јавната безбедност на Унијата ќе се влоши.

Според Сијарто, ако одбранбената линија не може да се постави на јужната страна на Грција, тогаш таа треба да биде поставена на границите со Македонија или Бугарија.

– Согласни сме со сите кои велат дека надворешните граници мора да бидат утврдени – изјави Сијарто, додавајќи дека Европа во моментов е беспомошна поради неконтролираниот прилив на мигранти.