Видео Сиднеј: Двајца загинати во заложничката драма

Сиднеј: Двајца загинати во заложничката драма

Најмалку две лица се загинати, а петмина се посериозно повредени при решавањето на заложничката драма во сиднејското кафуле „Линд“, јавуваат австралиските медиуми. Информациите за загинатите и за повредените засега уште не се официјално потврдени.

Според очевидци, на местото на драмата се слушнале истрели од автоматско оружје, а екипи на брза помош, во панцирни одела, се регистрирани пред самото кафуле, во кое вооружен џихадист држеше 40 лица како заложници.

„Размената на огнот почна со три помали експлозии. По првата експлозија на шок-бомба, пет лица ја напуштија зградата“, јавува репортерот на „Сандеј морнинг харалд“.

Полициската акција следеше откако Австралиецот со иранско потекло, шеик Ман Харон Монис, киднапираше 40 лица. Монис е поддржувач радикалната милитантна организација Исламска држава.