Свет Европа Швајцарската полиција уапси лице осомничено за нападот со моторна пила

Швајцарската полиција уапси лице осомничено за нападот со моторна пила

Швајцарската полиција синоќа соопшти дека уапсила лице кое е осомничено за нападот со моторна пила во градот Шафхаузен.

Полицијата од кантонот Цирих, на „Твитер“ објави дека мажот е уапсен во градот Талвил, но не откри повеќе детали.
Најавено е дека полицијата од Шафхаузен, каде беше извршен нападот, денеска ќе одржи прес-конференција.

Педесетгодишниот Франц Вроусис е обвинет за напад со моторна пила на две лица вработени во канцеларијата за здравствено осигурување, како и на уште три други лица.
Засега не е познат мотивот за нападот.