Свет Европа „Што побогу чека“: Критики за Шолц поради тоа што не ѝ испраќа...

„Што побогу чека“: Критики за Шолц поради тоа што не ѝ испраќа ракети на Украина

Украина од Германија бара крстаречки ракети „Таурус“ веќе подолго време. Сепак, канцеларот е внимателен затоа што „Таурус“ може да досегне до територијата на Русија, на што Русија може да возврати

Извор на фотографија: Michael Kappeler/dpa

До германскиот канцелар Олаф Шолц повторно стигнуваат критики од редовите на неговата коалиција поради тоа што е воздржан околу испраќањето на крстаречки ракети „Таурус“ на Украина, пишува германската новинска агенција ДПА.

„Што побогу чека канцеларот? Само тој ја блокира одлуката во коалицијата. Тоа е неодговорно“, напиша на платформата „Х“, претседателката на одборот за одбрана во Бундестагот Мари Штрак Цимерман.

Штрак-Цимерман е влијателна политичарка од партијата на либералите ФДП, која заедно со социјалдемократите на Шолц и Зелените ја оформуваат владејачката коалиција.

Украина од Германија бара крстаречки ракети „Таурус“ веќе подолго време. Сепак, канцеларот е внимателен затоа што „Таурус“ може да досегне до територијата на Русија, на што Русија може да возврати.

Канцеларот од Штрак-Цимерман на истата платформа го бранеше пратеникот на СПД Ралф Штегнер. Политичарката постојано го навредува „канцеларот затоа што не салутира на секое барање за испраќање на оружје“, ниту веднаш издава наредби за испорака.

Во војна и мир можете да се потпрете на канцеларот, напиша пратеникот. „Прво се размислува – па се работи. Умерено, внимателно, паметно“.